Православие во Хрватска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Манастирот во Гомирје

Православието е втората најголема религиозна деноминација во Хрватска, додека Римокатоличката црква преовладува. Над 190,000 луѓе, претставувајќи 4.44% од вкупната хрватската популација, се православни христијани.

Православието во Хрватска е претсавено првично преку Српската православна црква, на која припаѓаат повеќето од православните христијани во Хрватска. Други големи јурисдикции се Бугарската православна црква и Македонската православна црква. Овие три цркви се признати од страна на државата.[1] [2] Во Хрватска исто така живеат и припадници на Црногорската православна црква. За време на Втората светска војна исто така постоела и Хрватска православна црква.

Статистика[уреди | уреди извор]

Верска карта на Хрватска (2001)

Објавените податоци од хрватскиот попис од 2011 година вклучувале пресек на етничката припадност и вероисповеста, која покажува дека вкупниот број (190,143) православни христијани (4.44% од вкупното население) е поделен помеѓу следниве етнички групи:[3]

  • 159,530 православни Срби
  • 16,647 православни Хрвати
  • 2,401 православни Македонци
  • 2,187 православни по националност
  • 2,084 православни верници со недекларирана националност
  • 1,822 православни Црногорци
  • 816 православни верници од други националности
  • 729 православни Руси
  • 341 православни Украинци
  • 293 православни Бошњаци
  • 158 православни Бугари
  • 157 православни верници со непознато државјанство
  • 147 православни Романци
  • 124 православни верници со регионална припадност
  • други посебни етнички групи (под 100 луѓе во секоја)
Православна популација по националност
националност
Православни Срби
  
159,530
Православни Хрвати
  
16,647
Православни Македонци
  
2,401
Православни по националнност
  
2,187
Православна популација по националност

Српска православна црква во Хрватска[уреди | уреди извор]

Манастирот во Крка

На оваа црква припаѓаат Србите од Хрватска. Петте епархии (диоцези) на Српската православна црква кои ја покриваат територијата на Хрватска се:

  • Метрополитанатот на Загреб и Љубљана, на чело со митрополитот Порфирије Периќ, од 2014 година.
  • Далматска епархија, на чело со епископот Никодим Косовиќ од 2017 година.[4]
  • Карловачка епархија, на чело со епископот Герасим Поповиќ, од 2004 година.
  • Осјечкопољска и барањска епархија, администрирана од владиката Иринеј Буловиќ од Бачка, од 2017 година.
  • Славонска епархија, на чело со епископот Јован Чулибрк, од 2014 година.[5]

Регионалниот совет на Српската православна црква во Хрватска се состои од сите пет диоцезански епископи. На Советот претседава митрополитот на Загреб и Љубљана.

Позначајни Српски православни цркви претставуваат манастирите:

  • Драговиќ
  • Гомирје
  • Комоговина
  • Крка
  • Крупа
  • Лепавина
  • Св. Лазарица
  • Св. Недеље
  • Св. Петке
  • Св. Василија Острошког

и црквите:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ugovor između Vlade Republike Hrvatske i Srpske pravoslavne crkve u Hrvatskoj o pitanjima od zajedničkog interesa“ (на croatian). Narodne novine - Službeni list Republike Hrvatske NN196/03. Narodne novine. 15 декември 2003. http://narodne-novine.nn.hr/clanci/sluzbeni/2003_12_196_3109.html. посет. 16 февруари 2010 г. 
  2. „Ugovor između Vlade Republike Hrvatske i Bugarske pravoslavne crkve u Hrvatskoj, Hrvatske starokatoličke crkve i Makedonske pravoslavne crkve u Hrvatskoj“ (на croatian). Narodne novine - Službeni list Republike Hrvatske NN196/03. Narodne novine. 15 декември 2003. http://narodne-novine.nn.hr/clanci/sluzbeni/2003_12_196_3113.html. посет. 16 февруари 2010 г. 
  3. „4. Population by ethnicity and religion“. Попис на населението, домаќинствата и имотот 2011. Загреб: Државен завод за статистика. декември 2012 г.. http://www.dzs.hr/Eng/censuses/census2011/results/htm/E01_01_12/E01_01_12.html. посет. 17 декември 2012 г. 
  4. Communique of the Holy Assembly of Bishops (2017)
  5. Enthronement of Bishop John (Ćulibrk) of Slavonia

Извори[уреди | уреди извор]