Финска православна црква

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Православие во Финска)
Финска православна црква
Соборен храм на Успение на Пресвета Богородица во Хелсинки
ПоглаварАрхиепископ на Карелија и на цела Финска, Лав
Епископи5
Свештенициc. 140
Епархии3
Парохии12
Манастири2
Јазикфински, шведски, сколтсколапонски, руски, грчки
СедиштеХелсинки, Финска
ТериторијаФинска
ПризнавањеАвтономна црква од 1923 година дадена од Цариградската патријаршија.
Членови57,613[1]
Мрежно местоort.fi

Финската Православна црква (фински: Suomen ortodoksinen kirkko) е автономна црква под јурисдикција на Цариградската патријаршија.

Историја[уреди | уреди извор]

Христијанството во денешна Финска пристигнало преку Новгород, преку православните трговци и монаси, уште кон почетокот на 12 век. Во почетокот, православието било претставувано преку малите манастири. На езерото Ладог бил основан Валамскиот манастир. Во следните векови, христијанството било целосно проширено. Во времето кога Финска била зазедена од страна на Шведска, дел од православното населениое побегнало во Русија, а дел од нив го прифатило Лутеранството. Во времето на Петар Велики, во земјата започнал нов период од историјата на православието. Валамскиот манастир бил повторно обновен, заедно со десетици други манастири.

Кон почетокот на 19 век, по Руско-шведската војна, помеѓу Шведска и Русија бил склучен договор според кој сферата на влијание на земјата била разделена на два дела. Старите шведски поседи припаднале на Русија. Како резултат од тие промени, бројот на православното население во земјата значително се зголемил. Голем број на православни верници биле населени на овие простори. Црковната управа во Финска била извршувана од страна на митрополитот во Санкт Петербург. Во 1892 година била основана самостојна епархија во Виборг.

Епархии и парохии на Финската православна црква

По Октомвриската револуција, Финска добила независност. Во независната држава, православната црква добила статус на државна религија, заедно со лутеранската црква. Во 1921 година, московскиот патријарх Тихон и доделил статус на автономна црква. Согледувајќи го хаосот кој се вршел над Руската Православна црква во Русија, Финската црква се обратила кон Цариградската патријаршија со молба за признавање. Така, на 6 јули 1923 година, Финската Православна црква добила статус на автономна црква со ранг на архиепископија под јурисдикција на Цариградската патријаршија.

Главното седиште на православните христијани било во Карелија. По крајот на Втората светска војна, населението се раселило по целата земја, и со ова биле основани нови парохии. Во 1950 година биле основани две епархии, кои ја опфаќале целата земја. За централниот дел од земјата била основана Карелска епархија, а за јужниот, Хелсиншка епархија.

Денеска, црквата има ранг на автономна во рамките на Цариградската патријаршија. На чело на црквата се наоѓа архиепископот карелски и на сите Финци, Лав. Црквата денеска има три епархии, 24 парохии и два манастира. Црквата го користи грегоријанскиот календар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Church membership in 2021“ (фински).