Поштенски преградок




Поштенски преградок или поштенски фах[1][1] — преградок што се наоѓа во поштенска единица, преку кој корисниците примаат и отпремаат поштенски пратки.[2] Поштенскиот преградок има своја поштенска адреса.
Во некои области, особено во Африка, нема испорака на пошта од врата до врата, па изнајмувањето поштенски преградок традиционално е единствениот начин за примање пошта во такви земји.
Општо земено, поштенските преградоци се изнајмуваат од поединци или од деловни субјекти на основа која се движи од месечно до годишно, а цената за изнајмувањето се менува во зависност од големината на преградокот. Поштенските преградоци во деловните области обично се поскапи од поштенските преградоци во селските средини.
Монтирање на преградоците
[уреди | уреди извор]Поштенските преградоци обично се монтираат во ѕид од поштенската градба, надворешен ѕид или ѕид во фоаје, така што вработените од внатрешната страна може да оставаат пратки во преградокот, додека изнајмувачот во фоајето или од надворешната страна на зградата може да го отвори својот преградок за да ја земе пратката.
Работно време
[уреди | уреди извор]Доколку преградоците се монтирани на надворешен ѕид, тие се достапни за подигање на пратките во текот на целиот ден. Доколку се наоѓаат во внатрешноста на поштенското претпријатие, тие се достапни во работното време на претпријатието.
Пакети
[уреди | уреди извор]Ако пратката не ја собира во поштенскиот преградок, вработениот остава извесница со која го известува корисникот да ја земе пратката од шалтер. Извесници се оставаат и за препорачана пошта за која примачот треба да се потпише.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „фах“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Речник на поштенски термини кои се користат во Законот за поштенски услуги и актите донесени врз основа на него“ (PDF). Агенција за пошти. Посетено на 25 декември 2024. line feed character во
|title=во положба 28 (help)