Поштенска банка

Од Википедија — слободната енциклопедија

Поштенска Банка АД Скопје — македонска универзална банка која е регистрирана за извршување на сите видови банкарски активности. Таа е директен наследник на поранешната Поштенска Штедилница ДОО Скопје. Седиштето на банката е во Скопје.

Еуростандард Банка е целосен сопственик на Поштенска банка согласно со 24.01.2014 година.

Историјат на банката[уреди | уреди извор]

Поштенска Штедилница, Скопје има корени уште од 1921 година, кога е донесена Уредбата за поштенско штедење, чековен и вирмански промет на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Првите шатлери на Поштенска Штедилница на тогашното Кралство профункционирале на 01.10.1923 во белградскиот хотел „Москва“. Поштенска Штедилница во Скопје е основана во 1925 година, со надлежност на територијата на тогашната Дирекција на ПТТ Скопје. Во 1945 година Скопската Поштенска Штедилница е укината и приклучена кон штедните служби на Народната банка. Во 1961 година, повторно била формирана Поштенска Штедилница, како самостојна стопанска организација во рамките на Заедницата на ЈПТТ. Во овој период целокупната дејност околу штедењето била обединета од Бирото за Штедна служба при Генералната дирекција на ПТТ во Белград.

По осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година, се формира посебно Претпријатие за ПТТ сообраќај „ Македонија “. Согласно статутот на ПТТ „ Македонија “ и Одлука на Владата број 23-1515/1 од 07.05.1992 на 25.05.1992 година, донесена е Одлука за работа на филијалата на Поштенска Штедилница Скопје, која практично, по издвојувањето од Поштенска Штедилница Белград, започна самостојно да работи од 01.06.1992 година. По овој датум се пристапи кон изготвување на сите акти што беа потребни за регистрирање на Поштенска Штедилница согласно со Законот за банки и финансиски организации и на 15.01.1993 година е основана Поштенска Штедилница ДОО Скопје (Сл. Весник број 31/93).

На 26.2.2001 година, Управниот Одбор на ЈП за поштенски сообраќај Македонска Пошта ц.о. Скопје донесе Одлука за реорганизирање на Поштенска Штедилница ДОО, Скопје во Поштенска Банка АД, Скопје. Согласно донесената Одлука и Решението од Народна банка на РМ бр.02-14/-297-2001 за издавање дозвола, реорганизацијата е регистрирана на 04.06.2001 година.

Во 2005 година, Еуростандард Банка АД Скопје го презема управувачкиот пакет акции во Поштенска Банка АД, Скопје. Денес, Поштенска Банка АД Скопје е домашна Банката со најразгранета деловна мрежа на територијата на Р Македонија.

Како банка е регистрирана на 04.06.2001 година врз основа на Законот за јавните претпријатија (Сл. Весник на Р.М. број 38/96 и член 122 од Законот за банките (Сл. Весник број 63/2000) и Одлуката на Управниот Одбор на ЈП за поштенски сообраќај Македонска Пошта ц.о. Скопје (8-ма редовна седница одржана на ден 26.02.2001 година) за реорганизирање на Поштенска штедилница ДОО, Скопје во Поштенска Банка АД Скопје. Согласно донесената Одлука и Решението од Народна банка на РМ бр.02-14/-297-2001 година за издавање дозвола, реорганизацијата е регистрирана во Основниот суд Скопје 1 на 04.06.2001 година со трег.бр.2297/2001.

Во 2005 година Еуростандард Банка АД Скопје го презема управувачкиот пакет акции во Поштенска Банка АД, Скопје. По преземањето Поштенска Банка АД Скопје комплетно се преструктуираше. Банката воведе нова организациска структура, ја подобри структурата на вработените, ги усоврши процедурите за кредитно одлучување, процедурите за управување со ризиците и го унапреди корпоративното управување. Денес, Поштенска Банка АД, Скопје е Банка со најширока деловна мрежа која пружа услуги на правни и физички лица .[1]

На 24.01.2014 „Еуростандард банка“ на берзанска аукција го купи државниот удел во „Поштенска банка“ со што станала нејзин целосен сопственик.Се работи за 12.830 акции во „Поштенска“ купени по цена од 20.950 денари за акција. Вкупната вредност на трансакцијата е околу 4,4 милиони евра. „Еуростандард банка“ била единствен учесник на аукцијата бидејќи само таа добила претходна согласност од Народната банка на Република Македонија.[2]

Мисија на Поштенска Банка АД Скопје[уреди | уреди извор]

Мисијата на Поштенска Банка АД, Скопје е да стане Банка од универзален тип, која ќе ги нуди сите банкарски услуги на клиентите низ целата држава. Посебен акцент Банката ќе стави на услугите кои ги користи населението, имајќи ја предвид предноста на Банката која произлегува од користење на разгранетата мрежа на експозитури на Македонска Пошта АД, Скопје преку која работи Поштенска Банка АД, Скопје. Потенцијалниот влез на стратешки инвеститор ќе и овозможи на Банката да понуди нови видови на банкарски производи и услуги, кои ќе овозможат зајакнување и проширување на клиентската база.[3]

Визија на Поштенска Банка АД Скопје[уреди | уреди извор]

Во исполнувањето на Мисијата, Поштенска Банка АД, Скопје се раководи од неколку основни принципи:

  • оперативно работење согласно законската регулатива;
  • обезбедување квалитетни банкарски производи и услуги на населението и корпоративните клиенти;
  • развој на широка понуда на производи и услуги и постојано подобрување на нивниот квалитет;
  • мониторинг на рентабилноста на производите и услугите и избор на најсоодветен маркетинг микс;
  • засилување и подобрување на квалитетот на активата и пасивата на Банката;
  • поврат на активата со што ќе се покријат оперативните и финансиските расходи, ќе се акумулираат адекватни резерви, ќе се одржува банкарскиот раст и ќе се обезбедува оптимален поврат на акционерскиот капитал.

Со цел исполнување на Мисијата, Поштенска Банка АД, Скопје континуирано работи на:[4]

  • воведување на нови производи и услуги;
  • реорганизација на мрежата;
  • поставување на високи безбедносни стандарди со цел навремено и сигурно извршување на трансакциите;
  • проширување на мрежата на банкомати и ПОС терминали;
  • воведување на сервиси за известување на клиентите.

Активности на Банката[уреди | уреди извор]

Штедење[уреди | уреди извор]

Поштенска Банка ги овозможува следниве модели на штедење:[5]

  1. Штедење по видување
  2. Орочен штеден влог со исплата на камата однапред
  3. Орочено штедење
  4. Пензиски штеден влог
  5. Штеден влог индексиран за евро

Отворањето на штедниот влог може да се врши низ мрежата на Банка и тоа на име на полнолетно, малолетно или на лице под старателство. За штедниот влог како паричен депозит Банката ќе издаде штедна книшка во која ќе се запишуваат уплатите, исплатите, каматите, состојбата и другите податоци.

Кредити[уреди | уреди извор]

Поштенска банка ги нуди следниве видови кредити:[6]

  1. Автомобилски кредит
  2. Потрошувачки кредити за вработени
  3. Потрошувачки кредит за пензионери
  4. Потрошувачки кредит врз основа на залог на хартии од вредност
  5. Потрошувачки кредити врз основа на хипотека
  6. Потрошувачки кредит врз основа на депозит
  7. Наменски кредит за матични клетки
  8. Наменски потрошувачки кредит за операција на перде
  9. Наменски потрошувачки кредит за потрошни добра
  10. Наменски потрошувачки кредит за туристички аранжман
  11. Наменски потрошувачки кредит за школување

Картички[уреди | уреди извор]

  • Дебитна картичка
  • Кредитна револвинг картичка

Финансиски показатели[уреди | уреди извор]

Финансиски показатели на Поштенска банка (2012)[7]

Финансиски Показатели 2012
Принос на вкупна актива ROA -2.45%
Принос на капитал ROE -8.27%
Адекватност на капиталот 33.90%
Односот Цена / Принос 150, 20%
Пари и парични еквиваленти / вкупна актива 23.80%

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Историја на Поштенска Банка
  2. „www.mkd.mk“. Архивирано од изворникот на 2014-01-26. Посетено на 2014-01-28.
  3. Поштенска банка - Мисија
  4. Поштенска банка - Визија
  5. Поштенка банка - Штедење
  6. Поштенка банка - Кредити
  7. Финасиски извештаи на Поштенска Банка

Надворешни врски[уреди | уреди извор]