Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Почетна страна)
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 160.466 статии на македонски јазик и 298 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија
Пристаништето на Ница
Пристаништето на Ница

Ница — петти најнаселен град во Франција, по Париз, Марсеј, Лион и Тулуза. Урбаната област на Ница се протега надвор од административните граници на градот со население од околу еден милион и зафаќа површина од 721 км². Сместен на југоисточниот брег на Франција на Средоземното Море, Ница е вториот најголем француски град на средоземниот брег, веднаш зад Марсеј.

Градот е наречен Nice la Belle (Nissa La Bella на окситански), што означува Убавата Ница, што исто така е името на неофицијалната химна на Ница, напишана од Меника Рондели во 1912. Ница е главен град на департманот Приморски Алпи и втор најголем град во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег по Марсеј.

Површината на денешна Ница се протега на „Тера Амата“, археолошко наоѓалиште во кое се најдени докази за многу рано користење на огнот. Околу 350 п.н.е., Грците од Марсеј основале постојана населба и ја нарекле Никаја, по божицата на победата Ника. Низ вековите, градот бил заземан многу пати од разни освојувачи. Неговата стратешка местоположба и пристаништето значајно придонеле за неговата поморска сила. Низ вековите бил владение на Савоја, потоа станал дел од Франција помеѓу 1792 и 1815, кога бил вратен на Пиемонт-Сардинија до неговото повторно припојување кон Франција во 1860.

Природната убавина на Ница и нејзината умерена средоземна клима им го привлекло вниманието на богатите Англичани во втората половина на XVIII век, кога голем број на благороднички семејства ги поминувале нивните зими овде. Главното градско шеталиште крај морето, Англиската променада (Promenade des Anglais) го добило своето име во име на посетителите на градот. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 15 април 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

1912  По судирот во санта мраз нешто пред полноќ претходниот ден, потона прекуатланскиот брод Титаник. 1517 лица го загубија животот.
1923  Инсулинот станува општо достапен за болните од шеќерна болест.
1955  Во државата Илиноис во САД е отворен првиот ресторан „Мекдоналдс“.
1992  Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
1994  Потпишан е општиот договор за трговија и царински тарифи ГАТТ.

Родени:

1452  Леонардо да Винчи — италијански ренесансен уметник, градител и научник.
1707  Леонард Ојлер — швајцарски математичар и физичар.
1843  Хенри Џејмс — американско-британски писател.
1878  Роберт Валзер — швајцарски писател.
1894  Беси Смит — американска блуз-пејачка.
1911  Љубомир Белогаски — македонски сликар и член на МАНУ.
1913  Ерих Кош — српски и југословенски писател.
1926  Павле Угринов — српски писател, режисер и академик.
1933  Живојин Павловиќ — српски и југословенски режисер и писател.
1938  Клаудија Кардинале — италијанска глумица.
1944  Душица Жегарац — српска и југословенска глумица.
1956  Мајкл Купер — американски кошаркар.
1957  Евелин Ешфорд — американска атлетичарка.
1983  Иљја Ковалчук — руски хокеар.
1987  Филипкрал на Белгија.
1987  Гатис Смукулис — латвиски велосипедист.
1990  Ема Вотсон — англиска глумица.
1992  Ремо Фројлер — швајцарски фудбалер.
1995  Леандер Дендонкер — белгиски фудбалер.
1999  Денис Шаповалов — канадски тенисер.
2000  Филип Петрушевсрпски кошаркар од македонско потекло.

Починале:

1446  Филипо Брунелески — италијански архитект, основоположник на ренесансната архитектура.
1764  Мадам де Помпадур — љубовница на Луј XV.
1765  Михаил Ломоносов — руски научник, писател, академик и енциклопедист.
1865  Абрахам Линколн — шеснаесеттиот претседател на САД.
1927  Гастон Леру — француски новинар и писател.
1931  Андон Тошев Стојанов — македонски револуционер, познат како Дончо Штипјанчето.
1942  Роберт Музил — австриски писател.
1944  Џовани Џентиле — италијански неохегелијански идеалистички филозоф и политичар.
1967  Тотоиталијански глумец.
1972  Френк Најт — американски економист.
1980  Ванчо Николески — македонски писател.
1980  Жан Пол Сартр — француски филозоф и писател.
1986  Жан Жене — француски писател.
1990  Грета Гарбо — шведска глумица.
1992  Александар Матковски — прв доктор на историски науки од Македонија и прв историчар-ориенталист.
1997  Иван Пухан — еден од основачите на Правниот факултет во Скопје.
2000  Јонче Христовскипејач, композитор и текстописец на народна музика.
2020  Ли Кониц — американски џез-музичар.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Зимски поглед на манастирот Ки во Химачал Прадеш, северна Индија.
Дали сте знаеле...


Знамето на Непал
Знамето на Непал


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 160.466 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да помогнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич