Поход на Персија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мермерна биста на Александар Велики II-I век пред нашата ера
Мермерна биста на Александар Велики II-I век пред нашата ера

Првиот поход на Александар Македонски бил походот на Персија во 334 година. Тоа било време на заслабена персиска власт во големата држава и имало обиди за нејзино отфрлање од страна на покорените народи. Тоа му одело во прилог на походот на Александар, кој тргнал со импресивна воена сила од околу 30,000 пешадијци, 5,000 коњаници и 160 бродови. Тоа сепак била помалубројна војска од персиската, но многу добро обучена и организирана, со способен команден кадар.

Истата година, персиската војска претрпела тежок пораз на реката Граник. Наредната 333 година пред н.е., тој повторно се судрил со персискиот цар Дариј III кај градот Ис во Мала Азија. Самиот Дариј успеал да се спаси со бегство, но било заробено целото негово семејство со огромното богатство.