Потрчано

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Потрчано оро)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сценска изведба на народното оро Потрчано

Потрчаномакедонско народно оро за мешан состав во 7/16 (3,2,2 ритам)[1]. Најчесто се игра во Скопско[1]. Држењето за рацете е за китките, слободно спуштени надолу[1]. Се игра во полукруг, полетно, со впечаток на поттрчување на десно, со брзи чекори на полустапалата[1]. Обилува со потскоци и доскоци[1].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Блаже Ристовски, уред (2009) (на македонски). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-023-4 (1).