Потопи ми ја главата!
„Потопи ми ја главата!“ (руски: Утопи мою голову!) — збирка раскази од рускиот писател Јуриј Мамлеев од 1990 година. На македонски јазик, збирката е објавена во 2010 година во издание на Темплум, како 81 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од руски јазик е дело на Ѓорѓи Крстевски.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 180 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека Св. „Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-189-71-5. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На предната корица е наоѓа слика на Rachel Goodyear, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на дел од објавените книги во едицијата „Магма“.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Збирката „Потопи ми ја главата!“ содржи десет раскази, а покрај нив, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]
- Потопи ми ја главата!
- Тетратката на еден индивидуалист
- Домарот наспроти смртта
- Ќе се задоволам!
- Љубовна приказна
- Ковчег
- Младоженец
- Рационалист
- Црно огледало
- Опачината на Гоген