Потковувач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Потковување вол во 1927 година.
Потковувачка фирма, прва половина на 20 век.

Потковувач[1][2] или налбат[3][4]занаетчија специјализиран за потковување работен добиток (коњи, волови, магариња, маски). Потковицата се прицврстува со клинци на копитото на добитокот. Потковиците за коњи и волови не се исти бидејќи копитата им се различни. При потковување, мора да се внимава да не се повреди копитото при заковувањето. Исто така, важно е закованите клинци подоцна да не го повредат животното. Ова е и опасна и напорна работа бидејќи се работи на големи животни кои понекогаш можат да бидат многу немирни и да ги повредат потковувачите. Ова занимање било многу распространето во минатото. Денес и ковачите вршат потковување како дел од својата работа (занает).

Наводи[уреди | уреди извор]