Потез 29

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Потез-29)
Потез 29
Potez 29
„Потез 29“ пред хангарот на „Аеропут“
Намена превозен двокрилец
Земја на потекло Франција
Производител Потез
Прв лет 1927
Корисници Француско воено воздухопловство
Произведени 146
Првиот патнички авион „Потез 29“ во служба во Македонија. Скопски аеродром, 1928 г.

Потез 29 (француски: Potez 29) — француски патнички двокрилен авион во производство на фабриката „Авион Анри Потез“. Иако бил предвиден за патници, голем број од овие авиони подоцна се употребувале во Француското воено воздухопловство.

Авионот е познат како првиот патнички авион во Македонија, кој го опслужувал Скопскиот аеродром, почнувајќи од 1928 г.[1] летајќи на одредиштата Белград-Скопје-Подгорица-Мостар-Сараево-Белград.

Развој[уреди | уреди извор]

Потез 29 бил дворкилец со носен клипен мотор од 335 kW (450 КС) од типот „Lorraine 12Eb 3“, со опашест стоен трап. Бил заснован на претходниот модел Потез 25, задржувајќи ги истите крила и мотор, но со нов труп и затворена кабина за двајца екипаж и пет патници. Овој авион доживеал голем успех, опслужувајќи патнички линии во разни земји, а 120 авиони биле испорачани на Француското воено воздухопловство, каде служеле како амбуланти и леки транспортери.

Варијанти[уреди | уреди извор]

Потез 29
Прототип и шест произведени со мотор „Лорен 12Eb“.
Потез 29/2
Наменети за Француското воено воздухопловство со мотор „Лорен 12Eb“ (изработени: 123)
Потез 29/4
Патничка варијанта со кружен мотор од 359 kW (480 КС) од типот „Гном-Рон 9Ady Јупитер“ (изработени: 15)

Оператори[уреди | уреди извор]

Цивилно воздухопловство[уреди | уреди извор]

 Франција
 Романија
 Југославија

Воено воздухопловство[уреди | уреди извор]

 Франција
 Слободни Француски Сили
 Обединето Кралство

Технички податоци (Потез 29)[уреди | уреди извор]

Potez 29

Општи особености

  • Посада: 2
  • Седишта: 5
  • Должина: 10,68 м ()
  • Распон на крилјата: 14,5 м ()
  • Висина: 3,67 м ()
  • Товарена тежина: 2.650 кг ()

Работни особености

  • Макс. брзина: 219 км/ч

Поврзано[уреди | уреди извор]

Поврзани списоци

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски аеродроми - Историја Архивирано на 2 август 2021 г. (македонски)
  • Taylor, Michael J. H. (1989). Jane's Encyclopedia of Aviation. London: Studio Editions.
  • The Illustrated Encyclopedia of Aircraft (Part Work 1982-1985). Orbis Publishing.