Прејди на содржината

Постнадреализам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пионери на Западот, Хелен Лундеберг, 1934, Смитсонов музеј на американската уметност

Постнадреализам — движење кое се појавило во Јужна Калифорнија во 1934 година кога Хелен Лундеберг и Лорсер Фајтелсон напишале манифест во кој ја објаснуваат својата желба да ја користат уметноста за да го пренесат односот помеѓу перцептивното и концептуалното.[1][2]

Понекогаш овој поим се користи за да се означи уметничко движење поврзано или под влијание на надреализмот, кое се случило по таканареченото раздобје на „историски надреализам“. Според статија на семрежната страница acearchive.org, некои надреалисти тврдат дека поимот е непотребен, бидејќи надреализмот продолжува до ден-денес.[3] Современата надреалистичка активност понекогаш се нарекува „постнадреализам“ од страна на застапниците на идејата дека надреализмот е „мртов“.

Историја

[уреди | уреди извор]

И Лундеберг и Фајтелсон учествувале на изложба на уметнички дела за Здружението на уметници на Лос Анџелес во 1954 година. Заедно со Стивен Лонгстрит и Елиз Кавана, уметниците чии слики биле претставени биле познати како Функционисти од Западот. Фајтелсон и Кавана прикажале само беспредметни дела. И двајцата уметници користеле рамномерни и речиси геометриски облици.

Постнадреализмот бил американски пресврт на уметничкото движење од 20 век, родено во Европа. Почнувајќи од 1930-тите, уметниците барале стил што ќе се разликува од сонувачкиот надреализам на Европа и попотсвесните, претходни движења на романтизмот и модернизмот. Овој нов облик на уметност „Американски сон“ започнал во Лос Анџелес, Калифорнија. Фантастичната, неземска архитектура на градовите и екстравагантниот градски пејзаж обезбедиле изобилство вдахновенија за уметниците во подем. Други градови како Сан Франциско, Њујорк и Далас станале жаришта на овие творци.

За време на изложбата во Калифорнија во 1934 година, Лорсер Фајтелсон и Хелен Лундберг ги прикажале своите дела под името постнадреализам. За прв пат, уметниците можеле да се издвојат преку сопственото име, па дури и основале група за надреализам во која биле големи уметници како Филип Густон, Ројбен Кадиш, Кнуд Мерилд и Грејс Клементс.

Како општествено движење, како и уметност, делата што се создавале во тоа време ги одразувале преовладувачките проблеми низ целата земја. Несомнено, војната била главен чинител во движењето на надреализмот. Иако делата што се сосредоточувале на овие настани биле надреалистички, тие сега се класифицирани како социјален надреализам. Дали влијаел врз многу социјални надреалисти, вклучувајќи ги О. Луис Гуљиелми, Џејмс Гај, Волтер Квирт и Дејвид Смит, чии техники може да се видат во делата на сите гореспоменати уметници.

  1. „helen lundeberg catalogue raisonne“. A joint project of the Louis Stern Fine Arts and the Feitelson / Lundberg Art Foundation. Архивирано од изворникот на 2013-09-23. Посетено на 2013-06-28.
  2. „LORSER FEITELSON (1898-1978) - PIONEER OF POST-SURREALISM & HARD EDGE ABSTRACTION“. Sullivan Goss. Архивирано од изворникот на 2013-06-01. Посетено на 2013-06-28.
  3. https://acearchive.org/post-surrealism%5Bмртва+врска%5D [мртва врска]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Balakian, Anna. The Post-Surrealism of Aragon and Eluard. Yale French Studies, No. 2, Modern Poets: Surrealists, Baudelaire, Perse, Laforgue (1948), Yale University Press, pp. 93–102
  • Los Angeles Times, Functionists Work Hailed As Brilliant, January 17, 1954, Page E7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]