Последните крици на саваната (филм)
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
„Последните крици на саваната“ (италијански: „Ultime grida dalla savana“, англиски: „Final Cry of the Savanna“), исто така познат како „La Grande caccia“ или на англиски „Savage Man Savage Beast“, е влијателен Мондо филм од 1975 година, во режија на Антонио Климати (Antonio Climati) и Марио Мора (Mario Morra). Сниман низ целиот свет, негова централна тема е ловот и интеракцијата помеѓу човекот и животното. Поточно, филмот документира различни форми на лов што можат денес да се најдат во светот и како и луѓето и животните можат да бидат и ловец и плен. Како и други Мондо филмови, режисерите претставуват дека документираат вистинско, бизарно и насилно однесување и обичани, иако многу од сцените всушност се поставени. Нарацијата во филмот е на италјанскиот романописец Алберто Моравија (Alberto Moravia).
Ова е првиот филм од трилогијата за дивината на Климати и Мора. Другите два филм се „Див свет“ (Savana violenta, This Violent World) и „Благо и дивјачко“ (Dolce e selvaggio, Sweet and Savage). Најпознатио филм од трилогијата сепак е „Последните крици на саваната“ кој станал влијателен поради употребата на киноматографски техники кои ќе бидат употребени во бројно подоцнежни Мондо филмови. Ова најмногу важи за две сцени: напад на лав над турист во Намибија и убиство на домородец од група платеници од Јужна Америка. Овие се сметаат за вистинска снимка од човекова смрт.
Филмот, исто така, поттикнал соперништво помеѓу тимовите на Климати и Мора и браќата Алфредо и Анџело Кастиџљони. Овие два тима се предводници на втората генерација Мондо филмови.
| Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |