Последна екскурзија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Последната екскурзија (англиски: Final Destination) — натприроден хорор-филм од 2000 година за група тинејџери кои се обидуваат да ги спасат своите животи во нерамноправна борба со смртта. Сценариото е напишано од Џефри Редик, кој исто така учествувал во пишувањето на сценариото за серијата научна фантастикаДосиеја икс“. Филмот го режирал Џејмс Вонг, кој работел и на истоимената серија. Премиерата на филмот била на 17 март 2000 година, потоа следувале уште четири успешни продолженија како и неколку книги на слични теми.

Дејство[уреди | уреди извор]

Промотивниот слоган на филмот ја носи поговорката „Не може да се измами смртта“. Во центарот на заплетот е Алекс Браунинг (Девон Соја), кој заедно со неговите оди на матурска екскурзија во Париз. Пред да полетаат од аеродромот, Алекс добил предвидување дека авионот ќе експлодира веднаш по полетувањето и дека сите патници ќе умрат. Кога ќе сфати дека настаните се случуваат на ист начин како и во неговото предвидување, тој паничи и се обидува да избега од авионот, што предизвикува да го исфрлат од летот 180 заедно со професорката Лутон, мистериозната девојка Клир (Али Лартер), најдобриот пријател на Тод, непријателски настроениот Картер, неговата девојка Тери и Били (Шон Вилијам Скот) кој доцни за да се качи на летот. На почетокот никој не му верува на Алекс, но кога навистина ќе се случи авионската несреќа, тие сфаќаат дека преживеале благодарение на него.

По 40 дена, еден по друг, преживеаните од летот почнуваат да ги губат своите животи на мистериозен начин. Алекс почнува да сфаќа дека се соочуваат со нешто натприродно и дава сè од себе да ги спаси своите пријатели. Обидувајќи се да ги разбере мистериозните планови што ги прави смртта, тој се обидува да биде чекор пред неа и со тоа да ја спречи да го заврши она што не ѝ успеало да го стори со авионската несреќа.

Филмот изобилува со изненадувања и пресврти, очекувања и возбудувања, интересен и напнат до крај.

Критика и прием од публиката[уреди | уреди извор]

Поради сцени на насилство и „тежок“ јазик, филмот беше забранет за деца на возраст под 17 години без присуство на нивните родители, од страна на Американското филмско здружение. Иако доби претежно негативни критики од критичарите, филмот одлично бил примен кај публиката, заработил над 112 милиони долари на благајните ширум светот, додека буџетот за снимање на филмот бил 23 милиони. Сепак, некои критики не биле негативни. Американскиот критичар Роџер Иберт на филмот му дал три звезди од четири на неговото мрежно место, заклучувајќи дека „Последната екскурзија без сомнение ќе биде хит кај тинејџерите и дека како хорор серијата „Крик“, ќе биде премногу добар за да се заврши франшизата со само едно продолжение“.

Ликови[уреди | уреди извор]

Име на ликот Име на глумецот
Алекс Браунинг Девон Сава
Исчисти реки Али Лартер
Картер Хортон Кер Смит
Тод Вагнер Чад Донела
Валерија Левтон Кристен Клок
Били Хичкок Син на Вилијам Скот
Тери Чејни Аманда Детмер
Вилијам Клодворт Тони Тод
Барбара Браунинг Барбара Тајсон
Кен Браунинг Роберт Висден
Georgeорџ Вагнер Брендан Фехр

Надворешни врски[уреди | уреди извор]