Посетница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Посетница на Војислав Илиќ Помладиот од 1922 година.

Посетница[1][2] или визит-карта[3][4] — картичка што содржи деловни информации за компанија или поединец ангажиран во бизнис.[5][6] Се споделува за време на формални настани. Обично вклучува: име на давателот на картичката, компанијата или деловна припадност (обично со лого) и информации за контакт, како што се адреса, телефонски броеви, броеви на факс, е-адреси и мрежно место . Со развојот на услугите за друштвено вмрежување, често на посетниците се наоѓаат и страниците на друштвените мрежи. Картичките традиционално имале едноставен црн текст на бела заднина, а препознатливиот изглед бил посакуван знак на професионалност. Технолошкиот напредок на крајот на XX век внел промени во стилот, па професионалните посетници често вклучуваат еден или повеќе аспекти на впечатлив визуелен дизајн.

Не постои стандард за размерите на посетниците. Некои се со слични размери поради можноста за полесно складирање. На пример, банкарските картички (85,60 × 53,98 мм) и деловните картички во Западна Европа (85 × 55 мм) се речиси со иста големина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „посетница“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „посетница“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „визит-карта“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „визит-карта“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Shpitula, Posted byNatalia (24. 10. 2017). „How to Make a Business Card online?“. Logaster Blog. Посетено на 18. 2. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  6. „3 Reasons Why You Need A Business Card“. Resource Moon. 24. 6. 2018. Архивирано од изворникот на 2018-07-21. Посетено на 18. 2. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)