Порфириј Гаски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Порфириј Гаски
епископ и светец
Роден(а) 347, Тесалоника, Македонија Прва, Римска Империја
Починал(а) 420, Газа, Палестина Прва, Римска Империја
Почитуван(а) во православие
древноисточни цркви
римокатолицизам
Слава 26 февруари

Порфириј Гаски — христијански светец роден во Македонија и маченик од IV век и V век.

Порфириј е роден во Солун од богати родители. Својата младост до 25 година ја поминал во родниот град за да подоцна се оддалечи во египетската пустина. Под раководство на искусен духовник, младиот Порфириј таму се замонашил и поминал пет години. Тогаш ја посетил Светата Земја во друштво со својот верен другар, инокот Марко. Близу до Ерусалим се подвизувал во некоја пештера пак пет години.

Според христијанското верување, една ноќ во визија му се јавил Господ и го исцелил од немоќта во нозете. Кога бил избран за епископ во Газа, св. Порфириј со тешко срце се нафатил на таа должност. Во Газа затекнал само 280 христијани; сите останати жители биле идолопоклоници. Морал лично да патува во Цариград кај императорот Аркадиј и патријархот Свети Јован Златоуст за да бара потпора во нерамната борба со идолопоклониците. Идолските храмови се затвориле, статуите се урнале и се соѕидало прекрасна црква со триесет мермерни столбови. Ѕидањето на овој храм го помогнала особено царицата Евдоксија. Починал во 420 година[1].

Православната црква неговиот ден го чествува на 26 февруари.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Охридски пролог“ стр. 80