Прејди на содржината

Портрет на кнезот Михаило III Обреновиќ (Зографски)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портрет на кнезот Михаило III Обреновиќ
Творец Ѓорѓи Зографски
Година 1939
Димензии 50 см × 34 см
Место Музеј во Смедерево, Смедерево

Портрет на кнезот Михаило III Обреновиќ – слика од Ѓорѓи Зографски. Сликата е масло на платно со димензии 50х34 см, насликана во 1939 година. Сликата е во сопственост на Музејот во Смедерево.[1]

Делото настанало според цртеж на автор кој живеел во Западна Европа. Кнезот е облечен во офицерска униформа, стои на тераса во дворот, со поглед вперен кон градот. Начинот на сликање потсетува на портретот на Катарина Вучковиќ и на портретот на кнегињата Персида Караѓорѓевиќ.[1]

  1. 1 2 Марковиќ, Каменко. „О ПОРТРЕТНОМ СТВАРАЛАШТВУ ЂОРЂИ ЗОГРАФСКОГ – УОПШТЕ И О ЈЕДНОМ НЕПОЗНАТОМ ГРУПНОМ ПОРТРЕТУ – ПОСЕБНО“ (PDF). Посетено на 6 февруари 2025.