Прејди на содржината

Портрет на кнегињата Персида Караѓорѓевиќ (Зографски)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Портрет на Персида Караѓорѓевиќ
Творец Ѓорѓи Зографски
Година 1932
Димензии 31,8 см × 19,7 см
Место Музеј во Смедерево, Смедерево

Портрет на кнегињата Персида Караѓорѓевиќслика од Ѓорѓи Зографски, насликана во 1932 година која се наоѓа во Музејот во Смедерево. Димензиите ѝ се 31,8 х 19,7 см.[1]

Портретот на кнегињата Персида Караѓорѓевиќ е насликан според фотографија од стар цртеж. Станува збор за бидермаерски портрет на кој се истакнати убаво насликани подробности на градска облека и накит.[1]

  1. 1 2 Марковиќ, Каменко. „О ПОРТРЕТНОМ СТВАРАЛАШТВУ ЂОРЂИ ЗОГРАФСКОГ – УОПШТЕ И О ЈЕДНОМ НЕПОЗНАТОМ ГРУПНОМ ПОРТРЕТУ – ПОСЕБНО“ (PDF). Посетено на 29 јануари 2025.