Портрет на Катарина Вучковиќ (Зографски)
Изглед
![]() | |
| Творец | Ѓорѓи Зографски |
|---|---|
| Година | 1932 |
| Димензии | 32 см × 20 см |
| Место | Музеј во Смедерево, Смедерево |
Портрет на Катарина Вучковиќ — слика од Ѓорѓи Зографски, насликана во 1932 година која се наоѓа во Музејот во Смедерево. Димензиите ѝ се 32 х 20 см. Сликата не е сигнирана.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Портретот на Катарина Вучковиќ, млада жена од Смедерево, е поинвентивно насликана од другите портрети од смедеревското раздобје. Моделацијата на лицето и вратот е добро речена, а линиите на цртежот ги следат контурите на волуменот. Сугестивниот поглед, стиснатата уста, самоуверенот став ја откриваат целата длабина на карактерот на овој елегантен лик. Судејќи споре насликаната длабина на пределот, најверојатно е сликан врз основа на фотографија. Независно од тоа, ова дело е едно од неговите подобри остварувања, духовно близок на бидермаерот, но со реалистични детали[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Марковиќ, Каменко. „О ПОРТРЕТНОМ СТВАРАЛАШТВУ ЂОРЂИ ЗОГРАФСКОГ – УОПШТЕ И О ЈЕДНОМ НЕПОЗНАТОМ ГРУПНОМ ПОРТРЕТУ – ПОСЕБНО“ (PDF). Посетено на 12 август 2024.
| ||||||||
