Портрет
Портрет (француски слика на нечиј лик, од латинскиот збор protrahere што значи да се изнесе на виделина) означува во ликовната уметност приказ на некој одреден човек односно на неговиот лик или и фигура. Покрај чисто надворешната сличност треба да се истакнат и психолошките карактерстики на оној кој е портретизиран. Функцијата на портретот е да репрезентира одредена личност и да сочува спомен на неа. Многу учења и религии (на пример исламот) го одтфрлува портретот токму затоа што за него врзува некои окултни особини.[1]
Видови на портрет
[уреди | уреди извор]Не сметајќи го видот на уметноста (цртеж, масло на платно, акварел), стилски правец (на пример барок) и видот на материјалот (на пример портрет во бронза) ги разликуваме следните видови на портрети:
- според положбата на главата ги делиме на профил, полупрофил, изгубен профил и анфас.
- во зависност од приказот на фигурата: слика на глава или рамениците, полуфигурални или целофигурален портрет, портрет до колена, фигура во лежечка положба, во седечка или стоечка положба, фигура на коњаник и акт.
- според бројот на портретизирани личности разликуваме поединечен, двоен и групен портрет.
- во зависност од причината имаме на пример венчален, погребен или ктиторски портрет.
- во зависност од тоа од кој потекнува имаме автопортрет.
- во зависност од формата на сликата (минијатурни портрети или портрети на медалјони)
- според положбата во општеството на претставениот односно претставените (портрет на владетели, уметници, научници, Слика на стрелачки дружини).[2]
Историски развој на портретот
[уреди | уреди извор]Во стариот Египет се развил пластичниот портрет со фини психолошки црти постепено од идеализирани форми на древни ориентални портрети на владетелите (амарнски стил). Во доцниот старогрчки период и хеленизмот се развил извесен натурализам во прикажувањето на физиономијата. Во Рим најпрвин бил застапен изразито реалистичен стил со многу поединечни одлики- што било условено со култот на предците и со етрурското влијание - додека потоа не се повеќе идеализирани под влијание на владетелските култови на царевите. Оваа на крај довело до потполно осиромашување на уметничкиот приказ. Под римското владеење во Египет се создале портрети на мумии што биле први самостојни портретски слики на дрво.[3]
Во ранохристијанската и средновековната уметност се изгубила античката традиција на портретирање затоа што овоземската човекова форма не била сметана за важна и за достоинствено прикажување. Кај средновековните портрети (на пример на надгробните плочи или во сликањето на минијатурите) биле доволни атрибути (инсигнии, грбови) за идентификација на оној кој е претставен. Инаку, ликот е прикажуван млад, сведен, схематизиран и идеализиран.
Првата промена на овој став се покажала во 14 век на пример на портретските бисти на работилницата Парлер во Прага или на фигурите на ктитори на олтарските композиции. Тогаш настанале и првите автопортрети во пластика. Првиот автономен двоен портрет во полна фигура го насликал Јан ван Ајк околу 1425 година (венчална слика на брачниот пар Арнолфини). Во сликарството и уметноста изработката на медали на италијанската Рана ренесанса преовладал најпрвин класичниот, строг портрет на профил (на пр. кај Пизанела).
На почетокот на 16 век стигнала нововековната уметност на портретот под влијание на новото хуманистичко гледање на човекот својот први процут и развила цела лепеза на форми. Значајни портретисти од времето на ренесансата се Леонардо да Винчи, Рафаел, Тицијан во Италија а северно од Алпите тоа се Албрехт Дирер, Лука Кранах Старији, Антонис Мор, Жан и Франсоа Клуе. Сликарството на портрети на мал формат кое се развило во Франција во 15 век стекнало интернационално значење благодарејќи на сликарите како што се Ханс Холбајн Млаѓи а во епохата на рококо ќе напредува до омилената форма на сликање портрети.[4]
Во барокот најпрвин водечка била уметноста на портрети кои доаѓале од Холандија а во XVIII век тоа била портретската уметност на Англија (Томас Гејнсборо, Џошуа Рејндолс, Хенри Рејберн). Сликарството на портрети се искачило на скалата на вредности до најзначајна уметничка задача-за што пример е ситуацијата во апсолутистичка Франција каде на дворовите на кралевите работеле специјалисти за портрети. При тоа поважно од психолошкиот израз била возвишената претставителност која се создавала со помош на патетичната поза и помпезното драпирање со раскошни ткаенини кои биле чести во рамки на некоја митолошка сцена.
Кон крајот на XIX век портретското сликарство го губи своето најистакнувано значење поради појавата на фотографијата и покрај тоа што повремено се користат нови техники (Франц фон Ленбах). Во XX век првенствено германските сликари на експресионизмот овозможиле делумно оживување на овој уметнички вид (Ловис Коринт, Оскар Кокошка, Макс Бекман). Повеќе не се барале реалистични или идеализирани прикази туку само психолошко претставување. Во делата на некои уметници како што е Пабло Пикасо овој пристап водел до апстракција.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Биста на кралицата Нефертити -
Јан ван Ајк, Портрет на Арнолфинијеви (1434)
-
Пјеро дела Франческа, Портрети на Батист Сфорца и Федерик да Монтефелтро (1475) -
Албрехт Дирер: Портрет на една млада жена (околу 1506) -
Рафаел, Портрет на Балтасаре Кастиљоне (1514-1515)
-
Рафаел, Портрет на кардиналот Бибјена (1516)
-
Леонардо да Винчи, Мона Лиза (1503-1519)
-
Јакоб Зајзенегер, Портрет на Карло V со куче(1532)
-
Тицијан, Портрет на Карло V со куче (1533)
-
Тицијан, Портрет на Џакомо Дорија (1533-1535)
-
Тицијан, Портрет на Елеонора Гонзага дела Ровере (1538)
-
Тицијан, Портрет на Пјетро Аретино (околу 1545)
-
Тицијан, Портрет на генерал (1550)
-
Тицијан, Портрет на Филип II (1550-1554)
-
Тицијан, Портрет на Кристина Данска (околу 1556)
-
Тицијан, Портрет на Јакопо Страда (1567–1568)
-
Ел Греко, Портрет на Фрај Ортенсио Феликс Паравасино (1609)
-
Јоханес Вермер, Девојка со бисерна обетка 1665 -
Јоханес Вермер, Портрет на млада жена (околу 1665-1667)
-
Гистав Курбе, Портрет на Пол Шенавар (1869)
-
Иљја Репин, Модест Петрович Мусоргски
-
Пол Гоген, Портрет на мадам Рулен (1888)
-
Пол Сезан, Портрет на Амброаз Волар (1899)
-
Густав Климт, Портрет на дама (1916-1917)
Најзначајни сликари на портрети
[уреди | уреди извор]Портретот како мотив во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Портрет на инфантата“ - песна на рускиот поет Павел Антокољски.[5]
- „Потрет“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[6]
- „Портрет по сеќавање“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Томић О. Реч о портрету у средњем веку, НИШ И ВИЗАНТИЈА II СИМПОЗИУМ, НИШ 3-5. јун 2003.
- ↑ Age of Spirituality: Late Antique and Early Christian Art, Third to Seventh Century, (ed.K.Weitzmann), New York 1977.
- ↑ J.Elsner, Imperial Rome and Christian Triumph: The Art of the Roman Empire Ad 100-450, Oxford 1998.
- ↑ Donnan, Christopher B. Moche Portraits from Ancient Peru University of Texas Press,
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 185-187.
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 229.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 391-392.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Портрет“ на Ризницата ? |
- How to Paint a Portrait[мртва врска][мртва врска] - A guide to painting oil portraits from a photograph or sketch.
- National Portrait Gallery of the Smithsonian Institution
- National Portrait Gallery London
- National Portrait Gallery Moscow
- Painting The Century 101 Portrait Masterpieces
- Jeanne Ivy's Self-Portrait Page - What Artists Find When They Search in the Mirror.
- Portrait Detectives - Fun interactive introduction to the analysis of portraiture.
- Reportret - A gallery of reconstructions of missing portraits from world history.
- Royal Society of Portrait Painters