Портал:Шах/Избрана статија/2010/февруари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шаховскиот турнир во Линарес е шаховски турнир, кој се одржува секоја година на крајот на февруари во шпанскиот градот Линарес, по кој и го има добиено името. Турнирот е опишуван како шаховскиот Вимблдон и заедно со шаховските турнири во Вајк ан Зее и Дортмунд е еден од најсилните шаховски турнири.

Одржувањето на турнирот е поддржано од страна на шпанскиот стопанственик Луис Ренторо.

Првиот турнир бил одржан во 1978. Во тоа време, турнирот не бил привлечен за врвните шахисти, па на воведнуиот турнир победил релативно непознатиот Швеѓанец Јан Елсон, пред Аргентинецот Роберто Дебарно.

Во 1989, за прв пат натпреварувачите од Советскиот Сојуз можеле да бидат повикани лично. На турнирот биле испратени покани до пет советски шахисти, наместо до два, со што просечниот рејтинг на турнирот се зголемил. Прочитајте повеќе