Портал:Шах/Избрана статија/2010/април

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шаховскиот часовник се ссостои од два меѓусебно поврзани часовници со едно копче, со чиешто притискање започнува со отчукување едниот, а се стопира другиот, со што поврзаните часовници никогаш не може да работат истовремено. Целта на часовникот е да го мери вкупното време, коешто секој играч оделно го потрошил за време на играта и да осигури дека играта нема да се одолговлекува.

Ваквите часовници, најчесто се користат во шахот, по кои и го добиле името, но се употребуваат и во некои други игри со двајца играчи, како скребл, шоги и го.

За прв пат, шаховските часовници биле употребувани на шаховски турнир во Лондон во 1883 година.

Доколку времето предвидено за игра истече, шахистот ја губи партијата, што исто така не е ретко во шаховската практика. Прочитајте повеќе