Портал:Шах/Избрана статија/2009/август

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јубилејната 20. шаховска олимпијада организирана од ФИДЕ, која содржела натпреварувања во машка и женска конкуренција, како и неколку настани кои биле одржани со цел да се промовира играта се одржала од 18 септември до 13 октомври 1972 во Скопје, СФР Југославија (денес Македонија).

На Олимпијадата зеле учество рекордни 373 натпреварувачи, меѓу кои 35 велемајстори и 68 интернационални мајстори, од вкупно 63 земји. Натпреварот бил организиран во Бергеров систем, а на настанот биле одиграни вкупно 2728 партии, со темпо на игра од 2,5 часа за првите 40 потези, со додаток од еден час за следните 16. Претседател на организациониот комитет бил Драгољуб Ставрев, а директор на турнирот бил Јордан Ивановски. Контролен судија бил Макс Еве, а главен судија Александар Котов.

Сите натпревари и главни настани, кои биле предвидени во програмата на Олимпијадата се одржале на Скопскиот саем. Прочитајте повеќе