Портал:Хрватска/Selected article

Од Википедија — слободната енциклопедија

Иван Мажураниќ (хрватски: Ivan Mažuranić) е најголемиот претставник на романтизмот во хрватската литера. Заедно со Петар Петровиќ Његош и Григор Прличев претставува едно од врвните поетски имиња во литературите на јужнословенските народи. Тој е еден од водечките творци во периодот на романтизмот, на територијата на јужнословенските народи, во време на економско-социјални и политички тешки ситуации на Балканот. Мажураниќ е роден 1814 година во Нови Винодолски (Хрватско Приморје), во средноимотна селска фамилија. Дел од Хрватското Приморје и Далмација по паѓањето на Наполеон не биле присоединети кон Хрватска, туку директно потпаднале под управа на Виена. Во тие краишта се чувствувало силно влијание на Виенскиот двор, кој настојувал да го германизира хрватското население. Германизацијата била спроведувана преку училиштата(основните и средните училишта биле германски). Така и школувањето на Мажураниќ било туѓинско. По завршување на основното училиште во родното место, отишол да учи гимназија во Риека, во која ги совладал германскиот и унгарскиот јазик, а самостојно учел англиски и француски. (Дознајте повеќе...)