Портал:Хералдика/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во хералдиката, држачи (т.е. штитодржачи) се фигури кои обично стојат од обете страни на штитот и се прикажани како го држат. Овие фигури можат да бидат вистински или измислени животни, луѓе, а во ретки салучаи растенија и предмети. Тие честопати имаат локално значење, како европската жена и маорскиот поглавар на грбот на Нов Зеланд, или пак се историска врска, како на пример лавот на Англија и еднорогот на Шкотска на двете варијанти на грбот на Обединетото Кралство. Грбот на нутриционистот Џон Бојд Ор има два житни снопа како држачи, грбот на американскиот воен брод Доналд Кук го држат проектили, а грбот на сојузната држава Северно Рио Гранде, Бразил има две дрва. Шпанскиот град Валенсија на својот грб има две букви кои служат како држачи. Прочитајте повеќе