Портал:Хералдика/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Хералдиката е наука за грбовите која се занимава со правилата кои владеат при нивното дизајнирање, спојување, наследување, како и блазонирање (опишување, читање) на грбовите.

Во почетокот на времето на хералдиката, луѓето, односно благородниците сами одлучувале за дизајнот на грбот. Во тоа време положбата на обичните луѓе не им дозволувала да имаат грбови. Набргу, големите великодостоинственици го земаат правото за доделување на грб. Со јакнењето на монархијата, правото на доделување на грб го задржува царот.

Со појавата на републиките и крајот на монархизмот, во најголемиот дел од државите, се губи и постоењето на официјални хералдички тела кои би се занимавале со давање на грбови, како и со грижа за тоа кој користи грб, како тело на дворот. Прочитајте повеќе