Портал:Фудбал/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марио Манџукиќ (р. 1986) — хрватски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на хрватската репрезентација. Покрај тоа што е познат како плодоносен стрелец, тој е познат и по неговиот извонреден придонес во одбраната и неговата моќ во воздушните двобои.

Манџукиќ ја започнал својата кариера во Марсонија од родниот Славонски Брод, од каде што се преселил во два загрепски клуба: најпрво во НК Загреб, а потоа и во Динамо Загреб во 2007 година. Како член на Динамо Загреб бил најдобар стрелец во Прва ХНЛ во сезоната 2008-2009. Благодарение на неговите голгетерски способности, во 2010 година направил трансфер во редовите на Волфсбург. По одличното учество на Евро 2012, на коешто со три погодоци бил на делба на првото место на листата на стрелците, Манџукиќ потпишал за Бајерн Минхен. Во неговата прва сезона во клубот, тој освоил три трофеи: Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на шампионите; притоа, тој станал првиот Хрват кој постигнал погодок во финале на Лигата на шампионите. Во 2014 година, Манџукиќ го напуштил Бајерн Минхен и потпишал за Атлетико Мадрид, а една сезона подоцна преминал во редовите на Јувентус за 19 милиони евра. Прочитајте повеќе