Портал:Филм/Избрана биографија/2012/ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кевин Костнер е американски глумец, продуцент и режисер. Роден е во Калифорнија, на 18 јануари, 1955 год. Уште како мал покажувал интерес за филмската уметност, а по еден кастинг за локална нискобуџетна продукција започнала неговата глумечка кариера. Освоил два Оскари, и тоа за најдобра режија и најдобар филм со Танц со волковите. Покрај Оскарите, има добиено и неколку ЕМИ и БАФТА признанија. Освен наградениот филм, неговите попознати улоги се во остварувањата Силверадо, Недопирливите и Телохранителот. Ќе остане запаметен како глумец кој најчесто толкувал улоги на херои во епските вестерн филмови.