Портал:Физика/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Laser.svg

Ласер (англиски: Light Amplification by Stimulated Emission of Radiation или засилување на светлината со стимулирана емисија на зрачење) е оптички извор кој емитира фотони во кохерентен зрак. Зборот исто така потекнува од глаголот ласира кој што значи „да се создава кохерентна светлина“ или пак „ да се сече со кохерентна светлина“, и претставува корен на зборот ласер. Ласерската светлина е скоро монохроматска, т.е. се состои од единечна бранова должина односно боја емитирана во тесен сноп. Ова е спротивно на вообичаените извори на светлина, како обичната светилка која емитира некохерентни фотони во скоро сите правци, и вообичаено во широк спектар на бранови должини.

Во 1916, Алберт Ајнштајн ги постави темелите за пронаоѓањето на ласерот и неговиот предок, масерот, со револуционерна редеривација на Планковиот закон за радијација заснован на концептите на спонтана и индуцирана емисија. Теоријата остана заборавена сè до Втората Светска војна. Прочитајте повеќе