Портал:Уметност/Одбрана статија/јуни, 2007

Од Википедија — слободната енциклопедија

Одри Хепберн (4 мај 1929 - 20 јануари 1993) е англиска глумица со белгиско потекло, добитничка на оскар, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка.

Израсната во Арнем, Холандија за време на нацистичката окупација врз оваа земја во текот на Втората Светска војна, напорно тренира балет пред сосема да се посвети на актерството. Најпрво е забележана како Жижи во истоимената театарска претстава на Бродвеј од 1951 година. Филмско деби има како Принцезата Ен во Празник во Рим од 1953 година, улога за која го добива својот единствен оскар. Таа е една од најпознатите глумици во Холивуд во текот на 1950-тите и 1960-тите, период во кој уште четири пати е номинирана за оскар. Меѓу номинациите особено се истакнува нејзината антологиска изведба на Холи Голајтли (Holly Golightly) во Појадок кај Тифани (1961). Во 1964 година, Хепберн ја игра Елајза Дулитл (Eliza Doolittle) во Мојата убава дама, адаптација на Шоовата драма Пигмалион.

Од 1988 до нејзината смрт во 1993 година, Одри Хепберн е Амбасадор на Добрата Волја при УНИЦЕФ и е наградена со Претседателскиот Медал на Слободата (највисокото признание што може да го добие еден граѓанин на САД) во чест на нејзината хуманитарна работа. Во 1999 година, прогласена е за третата најголема глумица на сите времиња според Американскиот филмски институт во нивната листа АФИ 100 години... 100 ѕвезди.

Прочитајте повеќе...