Портал:Уметност/Одбрана статија/јануари, 2008

Од Википедија — слободната енциклопедија

Албрехт Дирер (германски: Albrecht Dürer) (Нирнберг, Германија 21 мај, 14716 април, 1528) бил германски сликар, дрворезец, графичар и математичар. Тој е најпознат по неговите серијални дрворези како Апокалипса (1498), два серијала за распетието на Христа, Големата Пасија (1498-1510) и Малата Пасија (1510-1511) како и многу поединечни графики како Витез, Смртта и Ѓаволот (1513), Свети Еремија во неговата работна соба (1514) и Меланхолија I (1514). Неговото дело Четири јавачи на Апокалипсата (1497-1498), дел од серијалот Апокалипса е исто така многу познато. Од посебно значење се и неговите автопортрети.

На 7 јули, 1494 Дирер се оженил, по договор во негово отсуство, со Агнеса Фреј, ќерка на локален трговец. Нивниот однос не е доволно познат, но се знае дека нејзиниот углед страдал како резултат на навреди од страна на Диреровите пријатели по нејзината смрт. Дирер не останал во Нирмберг за долго; есента 1494 тој допатувал во Италија, оставајќи ја жена си во Нирмберг. Тој отишол во Венеција, и ова го знаеме од неговите тогашни дела кои се во духот на северноиталијанскаите дела на Мантења, Антонио Полајуло, Лоренцо ди Креди и други. Во 1495 Дирер мора да се вратил во Нирмберг, каде изгледа живеел и работел во следните 10 години кога ги направил неговите најзначајни графики.

Прочитајте повеќе...