Портал:Турција/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Османлиското Царство е мулти-етничка држава која постоела во периодот од 1299 до 1923 година и една од најголемите империи што било кога владееле со границите на Средоземното Море. Во својот зенит, таа се простирала на Анадолија, Средниот Исток, делови од Северна Африка и југоисточна Европа. Била основана од племе на Турците Огуз во западна Анадолија, а на нејзино чело стоела Османската (или Отоманската) династија. Османската династија започнува од Осман I (неброејќи го неговиот татко Ертугрул), иако династијата не била прогласена сѐ до 1383 година кога Мурат I се прогласил за султан. До тогаш, водачите се нарекувале бегови или поглавари. Според династијата, и народот се нарекувал Турци-Османлии.