Портал:Тибет/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Тибет (тибетски: བོད་, вајли: bod) — подрачје во Средна Азија, дом на тибетскиот народ. Се наоѓа на просечна надморска висина од 4.900 м и често е нарекуван„Кров на светот“. Најголемиот дел од историскиот регион Тибет денес се наоѓа во составот на Народна Република Кина.

Под поимот Тибет се подразбира големо подрачје под влијание на тибетската култура и се состои од традиционалните провинции Амдо, Кхам и У-Цанг (Дбус-Гцанг). Во составот на Народна Република Кина постои автономен регион Тибет, провинција која ги опфаѓа само У-Тсанг и западниот регион Кхам. Источниот дел на регионот Кхам и регионот Амдо се наоѓаат во составот на кинеските провинции Чингхај, Гансу, Јинан и Сечуан. Прочитајте повеќе