Портал:Темплари/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Жак де Молеј (се проценува околу 1244–5/1249–50 – 18 март 1314) бил 23-ти и официјално последниот Голем мајстор на витешкиот ред Темплари, од 1292, па сѐ до укинувањето на редот од страна на папата во 1312. Тој е најпознатиот темплар по основачот на редот Иг де Пајен (1070-1136). Неговата цел како Голем мајстор била да изврши реформи во редот и да ги усогласи со состојбата во Светата земја за време на намалувањето на влијанието по Крстоносните војни [се бара извор]. Без преостанати крстоносни држави на кои им била потребна заштита, и со голем број на други проблеми, прашање било дали витешкиот ред на темпларите ќе опстои. Прочитајте повеќе