Портал:Струмица/Избрана биографија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Борис Трајковски (Струмица, 25 јуни 1956 година - Мостар, 26 февруари 2004 година) беше македонски политичар, втор претседател на Република Македонија, во периодот од 15 декември 1999 година до 26 февруари 2004 година, кога почина во трагична смрт во авионска несреќа. Борис Трајковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1980 година, специјализирал деловно право и право на работни односи. До 1997 година е раководител на правната служба на градежното претпријатие „Слобода“ од Скопје, од 1997 до 1998 година е шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела ВодаСкопје, а од 21 декември 1998 година е заменик министер за надворешни работи на Република Македонија во десно-центристичката влада предводена од Љубчо Георгиевски. Траjковски исто така беше претседател на Комисијата за надворешно - политички односи на ВМРО-ДПМНЕ, главен политички советник за надворешна политика на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, член на Претседателството на невладината организација Паневропско движење за Република Македонија, член на меѓународната конференција: "Решавање на конфликти" со седиште во Атланта, САД, учествувал на многубројни меѓународни конференции со тема решавање на конфликти, религиозна толеранција, религиозна слобода, бил претседател на младината на Обединетата методистичка црква во поранешна Југославија повеќе од 12 години.