Портал:Стар Рим/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Музиката бил важен дел од секојдневниот живот во Стариот Рим. Многу приватни и јавни настани биле придружувани од музика, од вечери до воени паради и маневри. Меѓутоа дискутирајќи за било која античка музика, нестручњаците, а и многу музичари мора да се присетат колку денешната музика зависи од нејзиниот развој во последните 1000 години; така, нашите поимувања за мелодија, скали, хармонија, па дури и инструментите кои ги користиме, би им се виделе необични на римјаните.

Чудно е, но денес помалку се знае за римската, отколку за старогрчката музика. За грците имаме ред (иако делумни) извори. На пример, ова се музичките теории на Питагора и Аристоксен (некои преку грчки, а некои преку подоцнежни римски извори), и има околу 40 дешифрирани примери за старогрчка музичка нотација. Прочитајте повеќе