Портал:Стара скопска чаршија/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Исхак-беговата џамија е џамија во Скопје, којашто се наоѓа во непосредна близина на пазариштето Бит-пазар. Изградена е по наредба на вториот отомански управител на градот, Исхак-бег, во 1438 година. Низ историјата, џамијата претрпела големи штати, па неколкупати била обновувана и доградувана. Во нејзин состав се наоѓале и турбе, медреса, имарет и конаци; а во неа, Исхак-бег ја основал и една од првите исламски библиотеки во Европа. Своето име, џамијата го добила по наредбодавачот за нејзината изградба, Исхак-бег. Освен како „Исхак-бегова џамија“, позната е и под името „Шарена џамија“, што произлегува од шарените керамички плочки со кои се украсени фасадата и сводовите. Прочитајте повеќе...