Портал:Среден век

Од Википедија — слободната енциклопедија
уреди   

СРЕДЕН ВЕК

Средниот век е епоха од феудалното општествено уредување во која самото човечко општество се дели на две класи: феудалци (експлоататори) и крепосни селани (експлоатирани).

Според граѓанските историчари кои не ја признаваат класната борба како главен двигател на историските збиднувања, средниот век трае од падот на Западното Римско Царство во 476 година до средината или крајот на XV век (гранични дати се падот на Цариград во 1453 и откривањето на Америка во 1492). Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Големиот раскол или Големиот Раскол (гр. σχισμα, лат. schisma - раскол, одвојување, цепење, разделување, шизма), исто така познат како Источно-Западен Раскол е настанот што го поделил Халкидонското христијанство на католицизам и православие (терминот "Големиот раскол" понекогаш се однесува на Западната Шизма). Расколот помеѓу Рим и Константинопол датира од 1054, кога папата Лав IX и патријархот Михаил I се разделуваат еден од друг во црквата.

Оваа шизма е резултат е од еден долг период на разделувањето на двете цркви. Основната причина за разделувањето е борбата за врховна власт помеѓу римските папи и константинополските патријарси. За разделувањето помогнале и веќе постојаните разлики помеѓу западната и источната црква во обредите и организацијата. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана слика

Carmina Burana, познатат збирка на љубовни и скитнички песни


уреди   

Избрана биографија

Саладин или Сала ад-Дин Јусуфе (арапски صلاح الدين يوسف ابن ايوب‎‎,) (1138, Тикрит, Месопотамија, – 4 март 1193, Дамаск, Сирија) бил курдски муслимански политичар и воен лидер од 12 век од Тикрит, Ирак, султан на Египет и Сирија.

Саладин уште како многу мал бил пратен во Дамаск сè со цел да го заврши веќе започнатото образование. Неговиот татко, Најм ад-Дин Ајуб бил гувернер на градот Балбек. Десет години, Саладин живеел во Дамаск и студирал теологија на Исламот. По завршување на неговото образование, тој станал под команда на неговиот чичко Нур Ад-Дин. Прочитајте повеќе

уреди   

Дали сте знаеле...

  • ... дека Карло Велики имал идеја преку брак со византиската принцеза Ирина да ги обедини Франкското кралство и Византија, реставрирајќи ја пропаднатата Римска држава во целост?
  • ... дека Катарите својата ерес ја прифатиле под влијание на Богомилството?
  • ... дека околу 1280 година, Монголското Царство заземало површина од околу 40.000.000 км2, со што е државата која се простирала на најголема територија којашто некогаш постоела?
уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Среен век на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)