Портал:Спорт/Избрана статија/2010/ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Floret-anatomija.png

Флорет — вид на ладно оружје кое се користи во мечувалството. Ова е најчестото оружје по натпреварите, како и по клубовите како почетничко оружје.

Флоретот е предвиден за бодење, а бод се зема со тоа што се притиска врвот на оружјето, на кој има прекинувач поврзан со струјно коло. Денешните натпреварувачи користат техника на грбен удар, кој ја користи флексибилноста на острицата за да го заобиколи флоретот на противникот и да зададе удар на грбот, иако во последно време правилата за ова се променети и реализирањето на ваквиот удар е потешко.

Современиот флорет потекнува од оружјето за вежбање на ракување со дворски меч, често помошно оружје на господата од XVIII век. Се користеле флорети за рапир, па дури и за долг меч, но тие биле поинакви во тежина и употреба. Прочитајте повеќе