Портал:Спорт/Избрана статија/2010/март

Од Википедија — слободната енциклопедија

Двојна круна — поим во фудбалот кој се однесува на освојувањето на првата лига и главниот куп на една нација во истата сезона. Исто така може да се употреби и за означување на две победи (дома и на гости) против истиот тим во една лигашка сезона.

Во англискиот фудбал, Двојната Круна традиционално означува освојување на првата лига (во моментов ФА Премиер Лига претходно Англиска Прва Дивизија) и ФА Купот во истата сезона. Иако и освојувањето на другите поголеми трофеи во една сезона во комбинација со Лигата се нарекуваат Двојни или Тројни Круни.

Една репрезентација не може да го освои светското првенство во фудбал и континенталното првенство во една година бидејќи не се работи за годишни настани, но ако една репрезентација ги држи двете титули истовремено тогаш се вели дека „освоила Двојна Круна“. Прочитајте повеќе