Портал:Религија/Избрана статија/2009/јуни

Од Википедија — слободната енциклопедија

Историја на христијанството се однесува на христијанската религија и христијанската црква, чии почетоци започнуваат од мисионерството на Исус Христос и неговите дванаесет апостоли сè до ден денеска. Христијанството е аврамска религија. Таа се разликува значително од другите религии по тврдењето дека Исус Христос е Божји Син. Огромен дел од христијанските верници веруваат во Светото Тројство, кое се состои од три оделни лица: Отецот, Синот и Светиот Дух. Имено постојат и разлики помеѓу различните христијански вери во однос на Светото Тројство и човечката природа на Исус. Овие разлики продолжуваат и ден денес.

Во многу христијански вероисповеди, црквата се разбира како теолошка институција која била основана од Исус за спас на човештвото. Ова разбирање се споделува помеѓу католичката и православната црква. Во католичката традиција, католичката црква го претставува Телото на Христос, додека протестанската смета дека Телото на Христос го сочинува целиот христијански народ. Според други, црквата претставува место за собир на верниците на едно место и нивно обединување.