Портал:Религија/Избрана статија/2009/септември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Конфучијанство (кинеско писмо: 儒学 училиште на научници) е религија што ја основал кинескиот филозоф Конфучиј (551 - 479 п.н.е.) во кинеската покраина Шангтунг. Неговото подучување било во врска со моралот, добродетелта, природата и општественото уредување. Земји и култури кои се под силно влијание на конфучијанството се Кина, Јапонија, Кореја, Тајван, Сингапур и Виетнам.

Конфучијанствотро не се заснова врз верата во некој бог, туку врз следење на Тао (патот), и учи дека мудроста на живеењето се состои од урамнотежениот живот, кој е во склад со природата. Значително место зазема култот кон предците и верата во духови.

Повеќето религии се дефинираат како верба во еден или повеќе богови, организирано свештенство, верба во задгробен живот и воспоставени традиции. Според таквото дефинирање, конфучијанството не е религија. Прочитајте повеќе