Портал:Религија/Избрана личност/2011/јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јустинијан I (483 — 565) — византиски цар, император на Источното Римско Царство (527—565), христијанин и православен теолог. Најстојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено со воените кампањи на Велизариј, како и по неговиот брак со контраверзната царица Теодора. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, се' до 9 век кога таа повторно ќе се издигне. Прочитајте повеќе