Портал:Религија/Избрана личност/2011/мај

Од Википедија — слободната енциклопедија

Свети Григориј Богослов — архиепископ на Констнатинопол, кој се смета за еден од најголемите богоносни отци и учители на христијанската црква. Познат е и како најиздигнат реторичар од времето на Црковните отци. Како образуван оратор и филозоф, тој успеал да влијае на воведувањето на хеленизмот во ранохристијанското учење, со што се создала парадигма меѓу византиските теолози и црковни лица.

Имал значително влијание врз теологијата на Светото Тројство, меѓу грчките и латинските теолози, па заедно со Свети Василиј Велики и Свети Јован Златоуст се вбројува во светите Три патријарси, кои се празнуваат на 12 февруари. Неговиот спомен се празнува на 7 февруари (25 јануари), а преносот на неговите мошти на 1 февруари. Прочитајте повеќе