Портал:Религија/Избрана личност/2011/декември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Гијом Тирски (о. 1130 — 1186) — средновековен прелат и хроничар. Се родил и израснал во Ерусалим, во времето кога Ерусалимското Кралство било во своите најсветли години. Поминал 20 години проучувајќи ги седумте слободни уметности и канонското право во европските универзитети.

Гијом е автор на отчет за соборот во Латеран, а напишал и историски записи за исламските држави од времето на Мухамед. За жал, ниту едно од овие дела не е сочувано. Денес, познат е како автор на историјата на Ерусалим. Неговите хроники се напишани на одличен латински за тоа време и употреба на бројни цитати од класичната литература. Прочитајте повеќе