Портал:Религија/Избрана личност/2010

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Избрани биографии во порталот:Религија се оние статии поврзани со животниот пат на религиозните личности кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една биографија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната биографија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со некоја религиозна личност на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива такашто секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги шаблоните: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември
Ibn Arabi.jpg

Ибн Араби (1165 — 1240) — средновековен арапски философ, поет и еден од најпознатите суфистички мистици и теоетичари. Познат е по тоа што се залагал за единството на постоењето и еднаквоста на сите религии. Поради неговото големо влијание во развојот на суфуизмот, се стекнал со звањето „голем учител“ („аш-шаих ал-акбар“). Автор е на љубовна поезија, чии стихови содржат длабоко мистично значење. Прочитајте повеќе

Потекнувал од многу познато семејство. Неговиот татко бил влијателен човек, чиишто пријатели меѓу другите ги вклучувале и познатиот философ, лекар и мистик, Ибн Рушд (Авероес) и Абдул Кадир Џилани.

ноември
Sun god Ra.svg

Ра — древноегипетски бог на сонцето. Сè до петтата династија тој бил едно од главните божества во древната египетска религија, и примарно се идентификувал со пладневното сонце, а со другите божества ги претставувал другите позиции на сонцето. Ра се менувал многу со текот на времето и подоцна за него се говорело дека го претставува сонцето во сите фази од денот.

Главниот центар на култот од Ра најпрво бил во Хелиополис (древниот Инуну) кој значи „Град на Сонцето“. Во подоцнежните египетски династички времиња, Ра бил помешан со богот Хорус како Ре-Хоракту. Тој бил поврзан со соколот т.е. симболот на другите соларни божества кои ги заштитуваа фараоните во подоцнежните митови. Прочитајте повеќе


октомври
Aleister Crowley as Baphomet X° O.T.O.jpg

Алистер Кроули (1875 — 1947) — британски окултист, писател, планинар, поет и јоги. Бил важен член на неколку окултни организации, вклучувајќи ги Златна зора, A∴A∴ и Ordo Templi Orientis (O.T.O.).

Алистер Кроули темелно ги проучувал окултните науки. Добро ја познавал астрологијата и системите на И Чинг, потоа еврејската Кабала, геомантијата. Бил добар шахист, а самиот изјавил дека научил да игра шах на шест години. Планинарењето го користел како лек против астмата.

Денес е најпознат по неговите окултни текстови, посебно „Книга на законот“, главниот свет текст на телемата. Стекнал лош глас за време на животот и бил наречен „најпорочен човек на светот“. Прочитајте повеќе


септември
Padre Pio.jpg

Свети Пио (1887 — 1968) — капуцински католички свештеник од Италија кој е прогласен за светец од страна на Римокатоличката црква, поточно беатифициран и канонизиран од страна на Папата Јован Павле II. Родното име на светоцот му било Франческо Форџоне, но го добил името Пио откако се прикличил на одредот на Капуцините. Во светот е најмногу познат под името Падре Пио, но и по неговите стигми кои му се појавувале во текот на неговиот живот.

На 3 март 2008 година, телото на Свети Пио било ексхумирани, 40 години по неговата смрт и започнале подготовките за објавување на неговите посмртни останки. Црковен службеник изјавил дека неговото тело било во „добра состојба“. Прочитајте повеќе


август
Klimenko perun.jpg

Перунбог на молњата и врховниот бог во словенската митологија. Бил асоциран со планините, дабот, орлите, како и со оружјата и војната.

Името Перун доаѓа од индо-европскиот корен перк, што значи удира (од истиот корен доаѓа и зборот перкусија). Наставката -ун го означува извршителот на дејството, па така Перун би значело оној кој удира.

Перун бил меѓу другото громовник и бог на небото. Тој бил бог на таканареченото „ниско небо“, додека со „високото небо“ владеел богот Сварог. Во неговиот домен биле облаците, громовите и дождот. Прочитајте повеќе


јули
Lao Tzu - Project Gutenberg eText 15250.jpg

Лао-це — важна фигура во кинеската филозофија, чие историско постоење е под знак прашање. Кинеската традиција смета дека тој живеел во 6 век п.н.е., но многу модерни историчари тврдат дека тој можеби живеел приближно во 4 век п.н.е., за време на Стоте Школи на Мислата и Периодот на Завојувани Држави. На него му се припишува најважното таоистичко дело, Тао Те Чинг ((道德經)), и тој претставува популарно божество во таоизмот (една од трите најголеми модерни религии во Кина)

Почесното име на Лао-це е стариот мајстор. Во својата книга Тао Те Чинг тој говори за принципот тао (што е апсолутен владетел на светот и животот). Проповедал дека секоја активност треба да биде во склад со принципот тао ако сака да биде успешна. Тоа се однесува на животот во семејството и во државата. Говорел дека сѐ во светот вечно кружи помеѓу јин и јанг - двете фундаментални спротивности. Прочитајте повеќе


јуни
King Solomon hebrew.jpg

Соломон — последниот од трите цареви на Израелско-јудејското царство, коешто го наследува од својот татко Давид. Соломон е всушност, според Библијата, вториот син на Давид и Витсавеја.

Во Библијата, Соломон е опишан како голем мудрец, богатство и моќ, но во исто време е обвинуван за толерантноста кон многубројните жени, кои јудаизмот го примале вера. Во неа, пророкот Натан му соопштува на Давид дека е Божја желба неговиот прв роден син да умре како казна за убиството на Уриј Хитита. После еднонеделниот пост и молитва, Давид ја добил веста дека неговиот син е мртов и дека е роден нов син, Соломон. Прочитајте повеќе


мај
Maria Magdalene crucifixion detail.jpeg

Марија Магдалена — една од најважните женски личности во животот и мисионерството на Исус според апокрифите од Новиот завет. Таа била доследна следбеничка на делото на Исус Христос во време и по неговиот живот. Таа во движењето можеби станала позната во последните денови на Исус, патувајќи заедно со него и Апостолите. Според сите Четири Евангелија, Марија Магдалена била првиот сведок на воскреснувањето на Исус.

Марија Магдалена е наведена и во ранохристијанските списи како "апостол на апостолите". Во апокрифните текстови, таа е опишана како визионер и лидер на Исусовото движење, која била сакана од Исус повеќе од сите други ученици. Во текот на истотијата, па и во модерно време се појавиле различни шпекулации или тврдења во врска со Марија Магдалена, вклучувајќи ги и тврдењата дека таа му била сопруга на Исус, па дури и дека била проститутка. Прчоитајте повеќе


април
Confucius 02.png

Конфучиј (551 — 479 п.н.е.) — прочуен кинески философ, основач на религијата конфучијанство. Фунг Ју-лан за него ќе рече дека тој е првиот човек кој развил вистински систем на мислење. Конфучиј е светски познат по својата доктрина во која основна црта е жен (хуманоста). Роден е во Чифу, во тогашната држава Лу.

Наспроти медитативниот Лао Це и таоистичката философија за тоа дека „создавачката сила влегува во светот низ вратата на ништото“, Конфучиј отвора на позитивна работа и здрав разум. Најважните извори на неговата наука се Зборови и мисли на Лун-ји, Златна средина, Возвишена наука итн. Во својата длабока старост тој собрал голем број на народни песни и ги објавил под насловот Ши-кинг. Прочитајте повеќе


март
Higherself.jpg

Џалалудин Руми (1207 — 1273) — персиски исламски поет, правник и теолог. Руми значи „Римјанин“, бидејќи умрел во Анадолија, која била под Византиското царство два века пред тоа.

Роден е во Балх (денешен Авганистан), а умрел во Конија (денешна Турција). Родното место и јазик укажуваат на персиско потекло. Поезијата му е на персиски, а делата му се читаат насекаде во Иран, Авганистан, Таџикистан, Узбекистан, а преводите особено во Турција, Азербејџан, САД и јужна Азија. Живеел и творел за времето на селџуците. Освен персиска поезија, пишувал и по нешто на арапски, грчки и огуски турски јазик. Прочитајте повеќе


февруари
YesheDorje.jpg

Ѕанабаѕар (1635 — 1723) — првиот монголски Богдо-геген, владетел на Халха во Надворешна Монголија, будистички религиозен водач и скулптор.

За образованието на Ундур-геген, ламите ангажирале тибетски учители. Така, Далај лама го ипратил Џамбалин-номун-хана, а Панчен лама Бенса-хутукту Лубсанданзана. За него била организирана и номадската резиденција Их Хуре, којашто станала монголска престолнина. Кога имал 13 години, Ундур-геген го основал манастирот Западно хуре. На 15 годишна возраст се преселил во Ласа, каде му се посветил на Панчен лама и бил прогласен за Далај лама, како реинкарнација на Џебзун Дамба, со што добил свилен балдахин и печати. Прочитајте повеќе


јануари
Leon IX.jpg

Папата Лав IX (1002 — 1054) — римски папа од 12 февруари 1049 до 19 април 1054. Во католицизмот, тој е светец и неговиот празник се празнува на 19 април. Тој е историски најголемиот германски папа во Средниот век. Во негово време дошло до Големиот раскол помеѓу источната и западната црква.

Лав IX ја почитувал традицијата во неговата реформација на Католичката црква. Една од неговите први големи работи била да се одржи познатиот Велигденски синод во 1049, на кој целибатот во свештенството повторно бил воспоставен. Прочитајте повеќе


Cscr-featured.svg
Архива на избрани личности
2011
Јустинијан I · Свети Григориј Богослов · Богородица Марија · Гијом Тирски
2010
Папа Лав IX · Ѕанабаѕар · Џалалудин Руми · Конфучиј · Марија Магдалена · Соломон · Лао-це · Перун · Свети Пио · Алистер Кроули · Ра · Ибн Араби
2009
Мухамед · Папа Бенедикт XVI · Заратустра · Исус Христос · Буда · Нанак · Свети Јован Крстител · Лозанг Ѓацо · Давид · Абу Бакр · Озирис · Свети Никола
2008
Тенцин Ѓацо · Папа Лав I · Шри Чинмој · Свети Тома Аквински