Портал:Религија/Избрана личност/2008

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Избрани биографии во порталот:Религија се оние статии поврзани со животниот пат на религиозните личности кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една биографија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната биографија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со некоја религиозна личност на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива такашто секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги шаблоните: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември
Saint Thomas Aquinas.jpg

Свети Тома Аквински (латински: Thomas Aquinas, италијански: Tommaso d'Aquino; Аквино се родил околу 1225 во јужна Италија и таму живеел до 1274.) бил теолог и свештеник.Во денешно време е многу ценет светец од страна на црквата.

Свети Тома Аквински е италиански теолог и филозоф. Тој е основоположник на томизмот, една од средновековните школи, кои лежат во основата на касните филозофски погледи на католичката црква, во 1879 годиина прогласена официално од папата Лав XIII во сите католички учебни програми. Тој се смета од страна на католиците за еден от најголемите теолози во историјата и за еден од триесет и трите доктори на црквата. Прочитајте повеќе


ноември

Шри Чинмoj Kумaр Гoш (27 август 1931 - 11 октомври 2007) бил индиски философ и учител (гуру) кој емигрирал во САД во 1964

Шри Чинмој е роден во Шакпура, мало село во Источен Бенгал, денешен Бангладеш, во 1931 година, како најмлад од седумте деца. По смртта на неговите родители, во 1944, 12-годишниот Чинмој оди во Ашрамот на Шри Ауробиндо, духовна заедница во близина на Пондичери во Јужна Индија. Тука тој ги поминува наредните 20 години во духовна пракса-вклучувајќи долги часови на медитација, атлетила, пишување поезија, есеи и духовни песни. Прочитајте повеќе


октомври
Greatleoone.jpg

Папата Свети Лав I (лат. Papa Leo I) или Свети Лео Велики (400.-461.год) бил папа на римската црква од 29. септември 440. год. до 10. ноември 461.

Тој бил римски аристократ, доктор на црквата, и првиот папа од римската црква што бил наречен „Велики“. Познат е по тоа што го пресретнал хунот Атила пред портите на Рим, но и по зацврстувањето на римската црква и проширувањето на јазот со Византија. Во таа смисла, Лав I е еден од основачите на римокатолицизмот и водечка личност во централизацијата и организацијата на Римската католичка црква.

Католичката и многу англикански цркви го одбележуваат 10. ноември како ден на Свети Лав, а православните цркви го одбележуваат 18. февруари. Прочитајте повеќе


септември

Тенцин Ѓацо (р. 6 јули, 1935 во Кингаи) — XIV и тековен далај-лама. Неговото вистинско име е Ламо Дондруб,а подоцна го добил името Јецун Јамфел Нгаванг Лобзанг Јеше Тенцин Ѓацо. Тој е религиозен поглавар со големо влијание врз религијата во Тибет. Тој го проповеда учењето Гелуг, а е и претседател на владата во егзил (во Дарамсала, Индија). Тенцин Ѓацо е и добитник на Нобеловата награда за мир во 1989 година. Тој е и најголемиот будистички свештеник во светот.

Тој бил петто од шеснаесетте деца родени во земјоделско семејство во селото Такцер, Кингаи, каде што го научил дијалектот Амдо како негов прв јазик. Тој бил прокламиран како тулку (реинкарнација) на тринаесеттиот далај-лама, Тубтен Ѓацо 2 години по неговото раѓање. Тој бил поставен на тронот како далај-лама на 17 ноември 1950, само еден месец по изврешаната инвазија на Народната ослободителна армија врз Тибет. Прочитајте повеќе


Cscr-featured.svg
Архива на избрани личности
2011
Јустинијан I ·
2010
Папа Лав IX · Ѕанабаѕар · Џалалудин Руми · Конфучиј · Марија Магдалена · Соломон · Лао-це · Перун · Свети Пио · Алистер Кроули · Ра · Ибн Араби
2009
Мухамед · Папа Бенедикт XVI · Заратустра · Исус Христос · Буда · Нанак · Свети Јован Крстител · Лозанг Ѓацо · Давид · Абу Бакр · Озирис · Свети Никола
2008
Тенцин Ѓацо · Папа Лав I · Шри Чинмој ·