Портал:Политика/Цитати

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа страница содржи цитати на познати политичари кои се објавени или во подготовка за објавување на порталот Политика. Секој може да предложи изјави/цитати на значајни политичари кои смета дека треба да бидат објавени на порталот.

Актуелен цитат[уреди извор]

Објавено од 18 Јули 2007 до Насилството е оружје на слабите; ненасилството - на силните.

Махатма Ганди


Цитати за објавување[уреди извор]

  • Ненасилство - Постои само еден пат за остварување на независност преку ненасилство: ако умреме, тогаш живееме, а ако убиваме, тоа нема никогаш да го оствариме.

Махатма Ганди

  • Ненасилство - Полесно е да се преброди морето меѓу континентите отколку бездната меѓу поединците или народите.

Махатма Ганди

  • Ненасилство - Ненасилството во својата динамична форма значи свесно страдање. Тоа не значи да се потчиниш на волјата на злосторникот, туку со целата своја душа да се мериш со волјата на тиранинот.

Махатма Ганди

  • Ненасилство - Мојата верба во ненасилството ме обврзува на најголема одлучност. Овде нема простор за страв и слабост.

Махатма Ганди

  • Ненасилство - Светот почива врз основните темели на сатиа или вистината. Aсатиа, исто што и невистина, значи и "не постои", исто така; и сатиа или вистина значи "тоа што е". Ако невистината не постои барем еднаш, тогаш тоа не може да биде никогаш нејзина победа. А вистината како "тоа што е" не може никогаш да биде уништена. Ова е, во кратки црти, учењето на сатиаграха.

Махатма Ганди

  • Ненасилство - Одбивам насилство, бидејќи доброто што се создава со негова примена не трае долго, но затоа лошото што тоа го создава е трајно

Махатма Ганди

  • Ненасилство - Еден сатиаграхи (приврзаник на ненасилството) е лице што се збогувало со стравот. Тој се осудува да гледа на противникот со доверба. И ако противникот и дваесетпати го разочарал, сатиаграхи е подготвен да му верува и по дваесет и првпат.

Махатма Ганди

  • Ненасилство - Кај насилникот секогаш постои надеж дека еден ден ќе дојде до ненасилство, кај оној што се плаши - не.

Махатма Ганди

  • Ненасилство - Понижувањето на сатиаграха не знае за граници. Тој не дозволува да одмине ниту една можност за изедначување и не се навраќа на тоа, дали некој го смета за плашлив ... Затоа е учтив кон секого и така ја воспитува и стекнува светската јавност за својата намера.

Махатма Ганди

  • Граѓанска непослушност - Непослушноста е граѓанска само кога таа е искрена, ако почитува, ако е повлечена и никогаш не предизвикува. Во нејзината основа мора да се наоѓа еден добро разбран принцип, да не зависи од расположение и, пред сẻ, зад неа не смее да стои лоша волја или омраза.

Махатма Ганди

  • Граѓанска непослушност - Граѓанската непослушност е вродено право на секој граѓанин. Ако тој се откаже од неа, со тоа престанува да биде човек.

Махатма Ганди

  • Moрални принципи - Едно нешто остави длабои корени во мене: убедувањето дека моралот претставува основа на нештата и дека вистината претставува супстанца на сета моралност. Вистината стана моја единствена цел. Сеојдневно добиваше сẻ повеќе и повеќе на значење, а мојата претстава за неа се прошируваше сẻ повеќе и повеќе.

Махатма Ганди

  • Moрални принципи - Mојот живот претставува една неделива целина, а сите мои активности се испреплеткани една во друга; и сите тие своето потекло го имаат во мојата ненаситна љубов кон луѓето.

Махатма Ганди

  • Moрални принципи - Љубовта претставува најјака сила со која располага светот, а, сепак, е најскромната што човек може да си ја замисли.

Махатма Ганди

  • Moрални принципи - Љубовта никога не бара, таа само дава. Љубовта само страда, никогаш не се покајува и никогаш не се осветува.

Махатма Ганди

  • Moрални принципи - Јас самиот сметам дека не сум способен да мразам кое било суштество на оваа планета. Преку долгиот пат на дисциплина на молењето пред повеќе од четириесет години престанав да мразам кого било . Знам дека тоа е големо барање. Но јас го имав истото, при целата понизност.

Махатма Ганди

  • Moрални принципи - За да може во секој лик да се забележи универзалниот и насекаде присутниот дух на вистината, мора да се биде способен да се сака и најмалото од сите суштества, како и самиот себеси.

Махатма Ганди

  • Moрални принципи - Дури и најмалата невистина го уништува човека онака како што капка отров ја уништува целата душа.

Махатма Ганди

  • Moрални принципи - Три четвртини од сите нерасветлености и недоразбирања ќе исчезнат од овој свет, ако се ставиме во улога на нашите противници и го разбереме нивото гледиште. Тогаш или ќе се согласиме со нив или ќе размилсуваме за нив со толеранција.

Махатма Ганди

  • Дискриминација - Да не се почитува живо суштество значи да не се почитуваат божјите сили, а со тоа им се наштетува не само на овие одделни суштества, туку со тоа и на целиот свет.

Махатма Ганди

Објавени цитати[уреди извор]

12 Јули 2007 до 18 јули 2007[уреди извор]

Ненасилство - Можам да си претставам тешко вооружан човек, кој во своето срце е плашлив,...невозможно е вистинско ненасилство, ако човек не е плашлив.

Махатма Ганди

12 Јули 2007[уреди извор]

Дискриминација - Еднаш, во текот на мојот престој во Преторија, отидов кај англиски бербер. Тој одби да ме потстриже. Се почувствував толку навреден, но веднаш си купив ножици и сам се потстрижав пред огледало. Донекаде ми успеа да се потстрижам напред, но назад се „уништив“. Пријателите во судот паѓаа од смеа. "Што се случило со Вашата коса, Ганди? Да не Ви влегле глувци?" "Не. Берберот белец не прифати да ја допре мојата црна коса", реков. Оттука се одлучив сам да се потстрижам, па макар и изгледало лошо." Одговорот не ги изненади пријателите. Не требаше да се прекорува берберот затоа што одби да ме стриже. Можеше да се очекува дека ќе ја загуби клиентелата доколку опслужува и „обоени“. Ние (Индијците) не им дозволуваме на нашите фризери да ги опслужуваат недопирливите браќа. За тоа положив сметка во Јужна Африка, и тоа не еднаш, туку повеќепати, а убедувањето дека тоа се казните за нашите сопствени гревови ме спречуваше да се лутам.

Махатма Ганди