Портал:Политика/Вовед

Од Википедија — слободната енциклопедија

Политика (од старогрчки πολιτικος, [politikós]: граѓанин, граѓански), е процес во кој група луѓе донесува заеднички одлуки. Терминот главно се однесува на однесувањето во рамките на граѓанското владеење, но се користи и за други групни односи, вклучувајќи ги корпоративните, академските, и религиските институции. Се состои од„општествени односи кои вклучуваат власт или моќ“ и се однесува на регулацијата на јавните случувања во рамки на политичка единица и на методите и тактиките кои се користат за формулирање и употреба на политиката.