Портал:Нов Зеланд/Selected article/12

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грбот на Окленд
Грбот на Окленд

Окленд, на Северниот остров, е најголемото населено место во Нов Зеланд. Градот е конурбација, сочинета од градовите (или подградовите) Град Окленд, Ваитакере, Манукау и Северен Брег. На маорски градот го носи името Tāmaki Makau Rau или Ākarana. Бројот на жители е нешто над 1.3 милиони, и со тоа е најголем град во Нов Зеланд, многу поголем од било кој друг - една третина од населението на Нов Зеланд.

Окленд се простира меѓу заливот Хаураки на Тихиот Океан на исток, ниските планински венци Хунуа на југоисток, пристаништето Манукау на југозапад и планинскиот венец Ваитакере и помалите венци на северозапад. Централниот дел од населената област го зазема теснецот помеѓу пристаништето Манукау на Тасманово Море и Ваитематското пристаниште на Тихиот Океан). Окленд е еден од многу ретките градови на светот со пристаништа на две мориња/океани. Повеќе...