Портал:Нов Зеланд/Selected article

Од Википедија — слободната енциклопедија
Парламентот на Нов Зеланд
Парламентот на Нов Зеланд

Парламентот на Нов Зеланд (англ. Parliament of New Zealand) се состои од Кралицата на Нов Зеланд (Queen of New Zealand) и Претставничкиот дом (New Zealand House of Representatives) и, сѐ до 1951, Законодавниот совет (New Zealand Legislative Council). Меѓутоа најчесто луѓето претставничкиот дом погрешно го нарекуваат „парламент“. Претставничкиот дом обично се состои од 120 члена, т.е. пратеници, моментално 121 (окт.2008). Пратениците се бираат директно, по пат на општонародни избори. Нов Зеланд го следи Вестминстерскиот модел на управување, со влада преводена од кабинет на чие чело стои премиер изгласан од претставничкиот дом. Парламентот е сместен во Велингтон, главниот град на државата уште од 1865 г. Парламентот бил создаден од страна на Велика Британија, со Законот за самоуправа на Нов Зеланд од 1852 г. кој поставува дводомно законодавство. Меѓутоа во 1951 горниот дом, т.е. Законодавниот совет бил укинат, па така денес законодавството е еднодомно. Во 1947 парламентот добил целосна власт над сите работи во државата, со Законот за прифаќање на Вестминстерскиот статут. Парламентот на Нов Зеланд ужива суверенитет, што значи дека не постои ниедна институција што може да ги отфрли или поништи неговите донесени одлуки. Моќта на парламентот да дејствува е законски неограничена. Законот за Новозеландската декларација за правата е нормална законодавна одлука, но не и виш закон. Парламентот е ограничен во: продолжувањето на својот мандат, решавањето за тоа кој има право на глас, како се гласа (по пат на тајно гласање), како земјата се дели на избирачки места, како и на составот на Комисијата за претставништво која одлучува за избирачките места. Овие прашања бараат 75% од парламентарците да го поддржуваат предлог-законот (Bill), или пак се решаваат по пат на референдум. Меѓутоа и овие правила се донесени со нормален парламентарен акт. (повеќе...)